Актуелниот македонски шампион Вардар впиша нова (шеста) победа во Првата фудбалска лига. Вардарци во натпревар од 10.коло, на гостувањето во Штип ја победија Брегалница со 1-0 со голот на Николов.
Двата тима прикажаа квалитетен и отворен фудбал со многу шанси на двете страни. Домаќините влегоа мотивирано и агресивно, обидувајќи се да се наметнат уште од самиот старт.
Сепак Вардар беше оној што го отвори резултатот. Се играше 24.минута кога по нафрлувањето на Јанкулов најдобро во противничкиот шеснаесетник се снајде Бобан Николов за водство на црвено-црните од 0-1.
Вардаровиот голман Талески имаше полни раце работа по ударите на Максимов и Рајков, но резултатот остана не променет на паузата меѓу двете полувремиња.
Во второто полувреме штипјани тргнаа офанзивно по израмнување и создадоа неколку сериозни прилики. Максимов не искористи голема грешка на Цветковски и пропушти зицер излегувајќи сам пред голот. Обидите на Стојанов и Николов завршија надвор од рамките на гостинскиот гол.
Црвено-црните успешно ја задржаа минималната предност до самиот крај на натпреварот. Со овој триумф Вардар освои значајни три бода во трката и одбраната на шампионската титула.
Вардар остана на третата позиција но сега има 20 бодови колку и новиот лидер Струга ТЛ кој денеска славеше над Шкендија Арачиново. Сепак, двата тима ќе го чекаат исходот од утрешниот настап на тетовска Шкендија која е апсолутен фаворит во дуелот против Скопје на гостински терен.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































