Во машката кошаркарска Супер лига, попладнево ќе се одигра еден натпревар. Во него Новиот прволигаш Штип го пречекува гевгелиски Кожув во натпревар од третото коло.
Домашниот тим е дебитант во елитното друштво и сè уште е во потрага по својата прва историска победа. Штипјани претрпеа два порази на стартот од сезоната од Куманово и екипата на Тиквеш.
Гостите од Гевгелија доаѓаат со амбиција да ја оправдаат фаворитската улога на овој интересен кошаркарски натпревар.
Составот на Кожув има половичен ефект по првите две кола од новиот шампионат. Во првото коло гевгеличани славеа на гостувањето против Скопје (поранешен Маџари). Во минатото (второ коло) загубија од шампионот МЗТ Скопје пред својата публика.
Натпреварот Штип – Кожув, што ќе се игра во салата „Џексон“, ќе почне од 17.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|

































