Женската ракометна репрезентација на Македонија победнички го заврши својот настап на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид.
Во последниот натпревар од овој турнир македонските ракометарки беа подобри од Хрватска со 25-22.
Уште од самиот старт нашите ракометарки одлична го папочна натпреварот и отворија со 3-0. Во првиот дел во повеќе наврати црвено-жолтите имаа пет голови предност. Токму со толку заминаа (+5) и на одмор 14-9.
Стартот на вториот дел им припадна на ракометарките на Хрватска кои врзаа четири голови и дојдоа на негатива од -1. Хрватите во самиот финиш стигна и до израмнување. Сепак немаа ниту сили, а ниту добија шанса од нашите ракометарки да направат и комплетен пресврт. Македонија со три врзани гола на крајот заслужено се радуваше.

Така нашата селекција овој турнир го заврши со две победи над Србија и Хрватска и пораз од Црна Гора, со што завршија како второ пласирани.
Овие три натпревари беа и првите на новиот селектор на Македонија, Игор Марковиќ кој ќе ги предводи нашите репрезентативци на европскиот шампионат во ноември месец.



































