НБА лигата го казни тимот на Далас „Маверикс“ со 7500.00 долари, за прекршување на правилото за одмор на играчите.
Како што соопштија од НБА, тимот на Далас ја прекршил политиката за одмор на играчите на последните два натпревар од регуларниот дел на сезоната, со Чикаго и Сан Антонио, кога во тимот не беа Кајри Ирвинг, Лука Дончиќ, Тим Хардевеј Јуниор…
Иако „Маверикс“ сеуште имаа шанси за влез во разигрувањето, тие свесно решиле да ги „одморат“ најдобрите играчи, а со тоа и директно да влијаат на конечниот пласман на табелата и разигрувањето.
„Одлуката на Далас да ги одмори клучните играчи од целосно учество во елиминацискиот натпревар минатиот петок против Чикаго го поткопа интегритетот на нашиот спорт“,
изјави Џо Думарс извршниот потпретседател на НБА.
Според НБА, тимот од Тексас свесно го направил тоа како ви влијаел на конечниот класман, според кој се одредуваат и позициите на екипите на претстојниот драфт