Ракометарите на Вардар го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер во воведниот меч од новата сезона во Супер лигата.

Бранителот на шампионскиот трофеј Вардар, славеше очекувано против втората битолска екипа со 31-19.

Младиот гостински тим беше рамноправен само во водените осум минути кога на семафорот стоеше израмнет резултат 4-4. Потоа вардарци ја заиграа во „поголема брзина“ и од минута во минута ја зголемуваа предноста, за првиот дел да го завршат со водство од 18-09.

Вториот дел беше само чиста формалност, а Вардар на крајот славеше со убедливи 12 голови разлика. Фадули со 6 гола бише прв стрелец кај Вардар, за кој Митровиќ и Тузолана постигнаа по пет.

За избраниците на Иван Чупиќ ова беше последен тест пред стартот на сезоната во елитната Лига на шампиони. Следен предизвик на Вардар ќе биде првиот меч од елитното натпреварување и тоа против тимот на Мелсунген. Тој натпревар ќе се игра во Германија на 10 септември (20.45 часот).

Што се однесува до останатите натпревари од воведното 1.коло, тие ќе се играат претстојниов викенд.

Дербито на колото е во недела во „ЦС „Биљанини извори“ каде Охрид ќе го пречека вицешампионот Еурофарм Пелистер.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б