Македонската машка одбојкарска репрезентација е во завршната фаза на подготовки за своето четврто последователно учество на Европското првенство. Континенталниот собир ќе започне на 9 септември, а ќе се одржува во Италија, Финска, Бугарија и Романија.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски се наоѓаат во исклучително тешката група Б во бугарскиот главен град Софија. Таму ќе ги одмерат силите со Полска, Бугарија, Украина, Португалија и Израел.
„На сите им е јасно дека играме во најтешката група на ова Европско првенство. Првите три натпревари против ќе ни бидат своевидни подготовки за она што следи, најважните натпревари против Португалија и Израел.
Полска, Бугарија и Украина моментално се меѓу првите десет рангирани репрезентации на светската листа. Португалија и Израел се добро познати противници против кои сме играле, особено против Израел, но и тие се исто така од самиот врв на европската одбојка.
Секако дека против и против фаворитите ние нема да се откажеме, ќе ја играме нашата најдобра игра и достоинствено ќе ја претставиме нашата земја“, изјави Миленкоски.
Македонија шампионатот ќе го стартува со дуелот против ко-домаќинот Бугарија, во мечот што ќе се игра на 9 септември од 19 часот.
Комплетниот распоред може да го видите овде (линк).👇👇




































