Фудбалерите на Вардар го совладаа Овче Поле со 5:0 и ја продолжуваат трката за освојување на трофејот во Купот на Македонија.
Актуелниот шампион поведе во 38.минута со погодокот на Сирики Дијабате. По десет минути игра во второто полувреме, капитенот Азер Омерагиќ зголеми на 2:0, а во 58-та Едиз Спахиу беше стрелец на третиот погодок за Вардар.
Во 67. минута Омерагиќ по втор пат се запиша меѓу стрелците за предност од 4:0, а конечните 5:0 ги постави Бобан Николов со погодокот постигнат во 86. минута.
Вардар по денешниот триумф им се приклучи на? Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и АП Брера кои место во осминафиналето обезбедија по вчерашните настапи во Купот. Таму како бранител на трофејот од лани е кратовски Силекс кој е слободен во првата рунда.
Останатите учесници во втората рунда ќе бидат познати по одигрувањето на дуелите кои се на програмата на деветти овој месец. Првото коло ќе се играат на 24 септември, 6 и 14 октомври.
| 1/16 Финале |
|---|
| 1/8 Финале |
|---|
| Четвртфинале |
|---|
| Полуфинале |
|---|
| Финале |
|---|






























