Од денеска па се до 14 октомври, ќе се играат натпревари од првата рунда во фудбалскиот Куп на Македонија. На шеснаесетте натпревари прволигашите кои се фаворити ќе бидат гости.

Во оваа рунда слободен е бранителот на трофејот Кратовски Силекс, а минатогодишниот финалист тетовска Шкендија, поради немилите настани во финалето, нема да се натпреварува.

Се игра еден натпревар, а победниците ќе се пласираат во осминафиналната рунда.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16 ФИНАЛЕ

среда (02.09) – 16.30 часот
Победа Валандово – Струга ТЛ
Студеничани – Пелистер
Велазерими – Македонија ЃП
Венец Неготино – Брера
четврток (03.09) – 16.30 часот
Овче Поле – Вардар
среда (09.09) – 16 часот
БВК Коњаре – Башкими
Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново
Кожув – Скопје
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Саса – Шкупи
Тетекс – Брегалница Штип
четврток (24.09) – 16 часот
Могила – Арсими
вторник (06.10) – 15 часот
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
среда (14.10) – 15 часот
Вардар Неготино – Работнички