Охрабрувачка порака добоја навивачите на ЛА Лејкеерс од својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ. Словенечкиот ас потврди дека целосно се опорави по тешката повреда на тетивата.
Минатата сезона за него заврши предвреме, па затоа го пропушти и летото со репрезентацијата.Ѕвездата на Лејкерс се фокусираше на рехабилитација за да го подготви телото за новите предизвици.
„Закрепнувањето помина одлично и повторно сум сто проценти здрав“, напиша Словенецот во пораката.
Тој додаде дека летната пауза му помага да се врати уште помотивиран на теренот.Лејкерси претходните две сезони завршуваа на третото и четвртото место во Западната конференција. Тимот сепак не успеа да го направи посакуваниот голем пробив во разигрувањето за титулата.
Дончиќ игра сениорска кошарка од 16 години, па затоа јавноста често ја анализира неговата издржливост. Овие најнови вести носат голем оптимизам кај фановите пред почетокот на новите НБА подготовки.



































