Пристојната натпреварувачка сезона 2026-2027, во второлигашката АБА конкуренција, Македонија ќе има три свои претставници. Покрај шампионот МЗТ Скопје Аеродром, учеството е потврдено и на вицепрвакот Маџари како и тимот на ТФТ кој лани играше финале во АБА2.
Денеска во Загреб, се утврден системот и групите, а ќе ги има четирите, во кои ќе бидат поделени 17 екипи. Тие ќе одиграат по двокружен систем (дома-гости), со тимовите од својата група.
Првопласираните екипи од четирите групи директно ќе се пласираат во плејофот (четвртфинале), додека второ и третопласираните ќе играат таканаречен плејин.
Најмногу, осум натпревари, во групната фаза, ќе одигра тимот на ТФТ. Составот од Тафталиџе е во Б групата во која има вкупно петте екипи. Противници на ТФТ ќе бидат: Слобода, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.
Шампионот МЗТ Скопје ќе игра во групата Ц, против екипите на: Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав Крањ.
Дебитантот во ова натпреварување тимот на Маџари, е сместен во А конкуренцијата, а противници ќе му бидат: Војводина, Борац Чачак и Морнар.
Интересно е да се напомене дека екипите на ТФТ и Маџари, заедно со Чаир, денеска се најдоа на „црната листа“ на Македонската кошаркарска федерација. Овие три клуба не добија лиценца за натпреварување во суперлигашката конкуренција, поради, како што наведоа од КФМ, неисполнети финансиски обврски.































