Македонскиот куп победник, тимот на Силекс има голема шанса да мине во втората рунда на Конференциската лига. Ова откако во првиот меч од квалификациите против белорускиот Динамо Минск, кратовската екипа славеше со 0-1.
Натпреварот се играше на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора и тоа пред празни трибини. Избраниците на Александар Васоски тоа успеаја да го искористат и пред своите навивачи, но во Скопје, ќе почнат со гол предност.
По поливаа час игра во кој претежно Динамо ја контролираше играта, првото големо возбудување го видовме во пред голот на белорускиот тим. Во 32.минута по брзата контра на Богданоски, ударот на Донов од 12-тина метри голманот на Динамо, Шимаковиќ успеа да го одбрани и да исфрли во корнер. Тоа како дополнително да го мотивира тимот на Васовски, кој порешително тргна кон противничкиот гол. По акцијата на Пановски, кој проби од десната страна Eсмир Хасукиќ задоцни за малку. Сепак во продолжението на акцијата беше направен пенал, кој во водство на силекс го круниса токму босанскиот интернационалец Хасукиќ.
Во вториот дел, кратовци продолжија со дисциплинирана игра. Му дозволија на противникот да има посед на топката, но без конкретни шанси. Се обидуваа фудбалерите на Силекс преку кантри да дојдат и до втор гол, но тоа не им успеа. Сепак голот предност, може да биде голема, но и мала предност во овие натпреварувања.
Затоа на реванш натпреварот што ќе се игра за седум дена (четврток, 16 јули) на теренот крај ФФМ, кратовци во најмала рака ќе мора да ја повторат, истата игра од денеска.





































