Големото македонско фудбалско дерби меѓу Шкендија и Вардар во Гостивар заврши без победник и без голови (0-0). Натпреварот од 11.коло во ПМФЛ го одбележа ВАР технологијата со дури три поништени погодоци.
Фудбалерите на двете екипи покажаа дека им значи табелата и бодовите, па целиот натпревар мина во интересна и динамична игра. И едните и другите создадоа повеќе шанси, се затресоа и мрежите но резутатот остана 0-0.
Тетовци први ја затресоа противничката мрежа преку Нзнгуе во 31-вата минута. По долга проверка на ВАР снимката, голот беше поништен поради недозволена офсајд позиција. Вистинската драма на теренот се одвиваше во самата завршница.
Вардар тргна во силна офанзива и постигна гол преку Димитар Данев во 90-тата минута. Видео-собата повторно интервенираше и судиите го поништија и овој погодок за скопските „црвено-црни“. Само неколку моменти подоцна, Спахиу исто така ја погоди мрежата за гостите. Но и гол беше поништен поради офсајд.
По ова тензично реми, Шкендија останува лидер на прволигашката табела со 24 освоени бода, пред Струга Трим Лум која која со 23 и Вардар кој сега има 21.
Во следното коло ќе има ново дерби, во Скопје, каде Вардар ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































