Со два натпревари што ќе се играат во Софија и Чуј, денеска почнува Европско одбојкарско првенство во машка конкуренција. Италија, Финска, Бугарија и Романија се организатори на овој шампионат чија завршница ќе се игра во Италија.
За репрезентацијата на Македонија е дел од софиската „Б“ група ова ќе биде четврто во низа учество на континенталното првенство. Нашата селекција за противници ќе ги има ко-домаќинот Бугарија, актуелното европски првак Полска, Украина, Израел и Португалија.
Задачата за избраниците на селекторот Јошко Миленковски нема да биде ни малку лесна. Во силната конкуренција да се обезбеди едно од четирите места што водат во нокаут фазата. Како што веќе најавија од нашиот табор, шансата за тоа ќе ја бараме во последните два натпревари против Португалија и Израел.
Селекторот Миленковски, очекува дека неговите избраници ќе го дадат максимумот и дека ќе ги одиграат своите најдобри натпревари.
Денешниот противник е ко-домаќинот Бугарија, а тој меч воедно е и прв на овој шампионат. Противникот е во улога на голем фаворит. Не е само домашниот терен и поддршката што ќе ја имаат Бугарите, туку и фактот дека тие се актуелни светски вицешампиони.
Натпреварот Македонија – Бугарија што ќе почне од 18 часот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
































