Приказната продолжува. И сонот станува поголем. Вака од таборот на ГРК Охрид го најавија продолжувањето на договорот со тренерот Борис Ројевиќ на уште две сезони.
Творецот на најголемиот успех во историјата на ГРК Охрид останува на кормилото на „гладијаторите“. Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до 2029 година.

„Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо“.
Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот.
„Охрид, езерото, атмосферата во клубот, полните трибини и нашите навивачи го „врзаа“ Роја за градот“, потенцираат од ГРК Охрид.


































