Екипата на Вардар со трофеј во Супер купот на Македонија, официјално ја стартуваат новата сезона во мак-ракометот.
И на овој натпревар како и на претходните финални на турнирите во Струга и Охрид, двете екипи покажаа дека се со израмнет квалитет. Затоа нијанси и моменти на инспирација и концентрација решаваа во завршните моменти.
Во натпреварот одигран вечерва во Гевгелија, ракометарите на Вардар беа подобри од Охрид со 32-31.
Охриѓани подобро го започнаа натпреварот. Веќе во седмата минута имаа и водство од 1-4. Сепак црвео-црните брзо ја надополнија негативата и успеаја да дојдат до израмнување. Во продолжение, Охрид во три наврати пропушти да дојде до предност од два гола. Вардарци пак за прв пат ја презедоа предноста во 24.минута кога поведоа со 11-10. Иако охриѓаните пак имаа предност 12-13, сепак до крајот на првиот дел вардарци заминаа со два гола предност 17-15.
На стартот на второто полувреме (32.минута) Вардар имаше најголеми три гола предност 18-15. Но, Охрид не само што успеа тоа да го анулира, туку и да поведе со два разлика 20-22. Таквата предност охриѓани ја чуваа се до 51.минута кога водеа 25-27, по што следуваат четири гола во низа на црвено-црните за водство од 29-27.
Но, крајот на неизвесноста не беше овде. Во последните 20.секунди се влезе со израмнет резултат 31-31. Тогаш Иванковиќ направи прекршок за 7 метри кој во водство на Вардар 32-31 го претвори Воркапиќ со својот 10 гол. Последната шанса за израмнување не ја искористи Стрмљан лиј удар вардаровиот голман Валах успеа да го одбрани и да се радува на победата.
За Вардар ова е петти пати да го крене трофејот во Супер купот (2017, 2018, 2019, 2023 и 2026). Охрид во својот прв настап не успеа да им се приклучи на Еурофарм Пелистер кој го освои трофејот во три наврати (2021, 2022, 2025) и Алкалоид кој беше победник во 2024 година.




































