Петтото фудбалско прволигашко коло, конечно ќе биде заокружено денеска. Откако почна во петокот, дури денес ќе се одигра последниот натпревар од оваа рунда во Првата лига.
Дуелот во Кавадарци ќе биде исклучително интересен. Екипата на Тиквеш која сезоната ја почна силовито, го пречекува шампионот Вардар.
Кавадарчани стартуваа со две убедливи победи 5-1 и 5-0 против Арсими и Башкими. Сепак, во следните две кола освоија само бод против новајлиите, Шкендија Арачиново и Скопје. Заедно со Силекс, Тиквеш го има вториот најефикасен напад, но бодовите изостанаа.
Вардар пак по двата порази во дерби дуелите со тетовска Шкендија и Струга ТЛ, се врати на победите со триумфот над Силекс. Сепак, бодовното заостанување зад водечкиот тандем е 9 бода зад тетовци и 4 зад стружани. Со победа Вардар ќе се врати на третата позиција на табелата и ќе фати приклучок со овие две екипи.
Дали кавадарчани ќе им се вратат на победите или пак Вардар ќе покаже зошто е актуелен шампион, останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 17 часот.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































