Светислав Пешиќ ќе биде главен предавач на задолжителната тренерска клиника што ќе се одржи во Скопје. Кошаркарската федерација на Македонија го потврди доаѓањето на трофејниот српски стратег за 24 и 25 август.
Членот на Куќата на славните на ФИБА ќе го сподели своето четиридецениско искуство со домашните тренери. Познатиот стручњак зад себе ги има сите најголеми европски и светски кошаркарски трофеи.
Дводневната едукација е задолжителна, за сите стратези кои планираат да работат во новата сезона. Присуството на семинарот, е клучен услов, за добивање лиценца за натпреварувачката година 2026/27.
Македонските тренери ќе имаат ретка можност директно да ги усовршат своите кошаркарски познавања. Пешиќ ќе ги презентира современите методологии, тактичките принципи и својата препознатлива победничка филозофија.































