Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Истанбул, ќе одигра контролен натпревар против Турција, една од селекциите учесници на Светското првенство.
Ова е вториот во низа контролен натпревар, откако пред три дена во Сараево, Македонија одигра 0-0 со БиХ.
Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина. Тоа како што истакна Седлоски е со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.
„Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство.
Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.
Езѓан Алиоски, порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.
„Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме.
Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.
Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија што ќе со почеток во 18:30 часот, ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇.



































