Екипите на Скопје и Шкендија Арачиново го комплетираа списокот на учесници во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона.

Ова по одигрувањето на денешните бараж натпревари во Битола и Кавадарци.

Фудбалерите на Скопје славеа минимална победа над АП Брера со 1-0. Единствениот гол на натпреварот, на дуелот во Битола, го постигна Душко Трајчевски во 88.мата минута од натпреварот, откако претходно, Ангелов, не реализира пенал са скопјани.

На натпреварот во Кавадарци, каде Пелистер играше против арачиновско Шкендија, победникот беше решен по пеналите.

Регуларните 90.минути завршија без победник 1-1, а во пенал „рулетот“ подобри беа арачиновци со вкупни 7-6.

Со тоа спуштена е завесата на сезоната 2025/2026 во мак-фудбалот. Следната сезона, покрај Скопје и Шкендија Арачиново во Првата лига се враќа и штипска Брегалница. Затоа во Втората лига покрај битолчани и струмичани се преселија и екипите на Македонија Ѓ.П., Работнички и Шкупи.