Во НБА лигата ноќеска се одигра нови три натпревари од првата рунда на плеј-офот.

Големо изненадување приредија кошаркарите на Минесота кои на гости го совладаа Денвер со 114-119.

Иако домашниот тим на почетокот на втората четвртина имаше и 19 поени предност, сепак „волците“ од Минесота не се предадоа. Предводени од Ентони Едвардс и неговите 30 поени и 10 скокови, кошаркарите на Минесота заслужено славеа победа и го израмнија резултатот на 1:1.

Џамал Мареј беше прв стрелец во тимот на Девер со 30 поени, но тие како и двојниот ефект на Никола Јокиќ со 24 поени и 15 скокови останаа бадијала. Сега серијата се седи во Минесота каде ќе се играат следните два натпревари.

На гостински терен се радува и кошаркарите на Атланта. Хоукси во Њујорк во неизвесен натпревар го совладаа составот на Никс со 106-107.

Домашниот тим имаше шут за победа но обидот на Бриџис не беше прецизен. Прв стрелец во победничката екипа и на натпреварот беше Мекалум со 32 поени, а на спротивната страна Брансон заврши со 29. И на овој дуел сега резултатот е израмнет на 1:1 во победи, а следните два натпревари ќе се играат во Атланта.

Тимот на Кливленд максимално ја искористи предноста на домашен терен и поведе со 2:0 во победи против Торонт.

Синоќешниот втор натпревар Кавалирс си го добија со 115-105. Донован Мичел повторно беше прво име победничката екипа со 30 поени, а имаше поддршка од Џемс Харден кој заврши со два помалку (28).