Разочарувањето од убедливиот пораз од Данска, и неможноста Македонија да игра уште едно бараж финале за Светското првенство, сеуште е присутно во македонската јавност.
По двете преспани (како-така) ноќи, селекторот Седлоски се осврна на натпреварот со Данска, и тоа за неговата одлука Александар Трајковски и Бојан Миовски да бидат изоставени од почетниот тим. Седлоски потенцира дека, одлуките биле донесени исклучиво врз основа на натпреварувачката форма и тактичките барања.
„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар.
Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.
Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.
Затоа сега Седлоски ќе ги нема двајцата на располагање за следниот натпревар со Р.Ирска, кој е безначаен.


































