Тикетот на колото предвиден за минатиот вторник го играм денес, со оглед на тоа што денес имаме доста голема понуда за игра, а и дополнително: Игра Македонија!
Од денес во Златна Копачка достапна е кешбек понудата во која добиваш назад 10% од уплатата доколку твојот тикет е недобитен и исполнува мал дел од условите кои можеш да ги прочиташ на овој: линк.
Што значи, доколку овој тикет е недобитен, добиваме 10% од уплатата следниот петок, кога се враќа клупскиот фудбал. Но да се вратиме на паровите и да образложиме зошто овие игри и овие парови, за овој тикет кој се надеваме дека ќе биде добитен.
ДАНСКА vs МАКЕДОНИЈА: X2
Зошто да не? Сите не потценуваат, но сме покажале многу пати дека кога не потценуваат тогаш сме најсилни.
ИТАЛИЈА vs С. ИРСКА: 1-1
Италијанците не би требало повторно да се избрукаат и да не отидат на Светско првенство трет пат по ред. Затоа очекуваме дека ќе си ја завршат работата и тоа убедливо, со победа на полувреме и крај.
ПОЛСКА vs АЛБАНИЈА: 1
Албанија има квалитетна репрезентација и несомнено е дека против Полска ќе дадат се за да слават и да одат чекор поблиску до Светско. Но, според нас, Полјаците потпомогнати од домашната публика и индивидуалниот квалитет на поединци, ќе бидат фаворити за вечерва, а коефициентот е одличен да се проба токму таа игра.
СЛОВАЧКА vs КОСОВО: ГГ
Словачка важи за фаворит на овој дуел, но некако не влече на тоа дека Косово може барем до гол на гостувањето во Братислава. Има супер коефициент, па наместо чист 1 ќе пробаме ГГ.
ТУРЦИЈА vs РОМАНИЈА: 1
Ќе биде штета оваа генерација која толку ветува на Турција да пропушти Светско првенство, нели? Затоа вечерва во Истанбул само еден исход се очекува, а тоа е победа за Турците и пласман понатаму во баражот.




























