Ракометарките на Спартак обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија, откако славеа над Атлетик со убедлива и борбена игра.
Натпреварот започна израмнето, со двете екипи кои внимателно влегоа во ритам и се менуваа во водство до 11-тата минута. Во продолжение, Спартак направи клучна серија од 4-0 и во 15-тата минута се одлепи на 8:4, преземајќи ја контролата врз играта.
Сепак, Атлетик не се предаде. Со борбена и агресивна игра, во 20-тата минута успеа да ја намали разликата на само еден гол (10:9), а потоа и целосно да се врати во натпреварот. Следуваше израмнување на 12:12, по што Атлетик направи пресврт и поведе со 13:12, внесувајќи дополнителна неизвесност во дуелот. Атлетик успешно ја одржуваше минималната предност во продолжението од првото полувреме. Сепак, во 27-та минута Спартак со серија од 2-0 најпрво израмни, а потоа и поведе со 15:14, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. Но, Атлетик повторно одговори и успеа да го врати водството, па на пауза замина со тесна предност од 16:15.
Второто полувреме Атлетик го започна мотивирано и со серија од 4-1 поведе со 20:17. Спартак постојано се обидуваше да ја намали негативата, па во 47-та минута успеа да израмни на 23:23, а веднаш потоа и да поведе со 24:23. Во продолжението, Спартак сигурно ја одржуваше предноста и не му дозволи на противникот лесно да се врати во игра. Во 57-та минута домаќините направија нова серија од 2-0 и се одлепија на 27:25, со што практично го решија победникот. До самиот крај Атлетик немаше сили за пресврт, па натпреварот заврши со триумф на Спартак со 27:25.
Ивона Кимовска



































