Во Првата македонска фудбалска лига од денеска до недела ќе се играат натпреварите од 24-тото коло. По два дуели ќе се играат секој ден, а денеска тоа се натпреварите во Кавадарци и Скопје.
Екипата на Тиквеш ќе биде домаќин на АП Брера.
Тоа е дуел на екипи кои се во горниот дел од табелата, но сеуште блиски до опасната зона. Кавадарчани се петти со 33, а струмичани седми со 28 бодови само два повеќе од Арсими (26) кој е во зоната за бараж. Оттаму освојувањето на трите бода е примарна цел за двете екипи, како помирно би можеле да ја чекаат репрезентативната пауза, и продолжението на сезоната. Тиквеш игра во добра форма во пролетниот дел во кој има пет победи на седумте одиграни натпревари. Брера има половичен ефект, но се нема израдувано на последните три натпревари. Тоа беа и тешки дуели со триото на екипи кои се на врвот на табелата.
Натпреварот во Кавадарци ќе почне од 14.30 часот, како и оној во Скопје, каде Работнички го пречекува Силекс.
Иако Работнички претпоследен на табелата, сепак тимот од Дебармаало влегува во форма. Врзаа „романтичарите“ две победи, а три на последните четири натпревари. Тоа им дава надеж дека до крајот на сезоната може да дотуркаат до позиција која носи барем бараж за опстанок. Силекс од друга страна е четврти на табелата, но далеку зад Струга и далеку пред Тиквеш. Кратовци немаат победа на последните три натпревари, на кои два пати одиграа нерешено со Пелистер и загубија од Вардар.





































