Екипата на Лос Анџелес Лејкер ја продолжува победничката низа, а Денвер втор пат е поразен во три натпревари.
Лејкерс до 10-тиот триумф во единаесет одиграни натпревари стигнаа на гостувањето во Хјустон каде славеа со 116-124. Натпреварот беше решен во самата заврница. Лејкерси водеа со 4 поени разлика на 90 секунди до крајот. кога Дончиќ го пронајде Џејмс за забивање. Кевин Дурант изгуби топка на другата страна, а Дончиќ погоди тројка за да го зголеми водството на 120-111. Немаше време са Санс да ја анулираат негативата, па го претрпеа 27 пораз, а Лејкерс ја впишаа 44-тата победа.
На Дончиќ му фалеше еден скок да оствари трипл-дабл. Словенецот натпреварот го заврши со 40 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Леброн Џејмс додаде 30 поени за победничкиот тим.
И на Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција да оствари трипл-дабл, но неговиот тим Денвер загуби.
Тимот од Колорадо загуби на гостувањето кај Мемфис со 125-118. Србинот одигра одличен натпревар со 24 поени, 29 поени, 14 скокови и 9 асистенции. Сепак тоа не беше доволно Нагетс да го избегнат вториот пораз на последните три натпревари.




































