„новопечениот“ македонски репрезентативец Дени Мусовски, го постигна својот прв гол во новата сезона.
Тој постигна го за екипата на Сиетл Сандерс во победата од 2-1 Ванкувер во КОНКАКАФ Лигата на шампиони. Неговата екипа со оваа победа обезбеди пласман во четвртфиналето.
Мусовски во понеделникот официјално доби повик за деби во црвено-жолтиот дрес на Македонија и тоа за најважниот натпревар.
Македонската селекција ја чека баражот со Данска, преку кој ќе се брка настап на Светското првенство. Мусовски веќе во понеделник треба да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски, на првата прозивка во Скопје.



































