Со двата денешни натпревари што ќе се играат во Кратово и Куманово ќе биде комплетирано од 23.коло во Првата фудбалска лига.

Три од четирите екипи грчевите се борат за опстанок. Единствено фудбалерите на Силекс се горниот дел од табелата, но далеку зад конкурентите за шампионскиот трофеј.

Кратовци, ќе го пречекаат тимот на Пелистер кој во моментов е на 10 место на табелата, во зоната за испаѓање. На битолчани неопходни им се трите бода како би останале во игра барем да доуркаат до позициите кои носат бараж за опстанок.

Со истиот императив, а можеби со префиксот е ,,една од последните шанси”, денеска во Куманово ќе гостува Работнички. Скопската екипа е претпоследна со дури седум бодови помалку од Македонија ЃП екипа која е деветта и е во позиција да игра бараж за опстанок. Но, бодовите му се потребни и на домашниот состав на Башкими. Иако кумановци во моментов се сигурната зона на шестата позиција. Сепак, нивната предност од само шест бодови не гарантира но продолжение на сезоната.

Двата натпревари ќе почнат во терминот од 14 часот и 30 минути.