Јаник Синер е победник на на Мастерс турнирот од серијата 1000 одржан во Индијан Велс.

Италијанецот, финалето против Данил против Медведев што траеше без малку два часа, а во кое немаше нити еден брејк славеше со 2:0.

Двата сета беа решени во тај-брејк во кој Силер имаше повеќе концентрација и ги доби со 8-7 и 7-4 на поени.

Синер им се приклучи на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, како единствените тенисери кои ги имаат освоено сите шест Мастерс титули на тврда подлога. Дополнително, неговиот подвиг да освои два последователни мастерс турнири без загубен сет покажува дека моментално е во врвна форма.

Италијанецот ја намали разликата во однос на Карлос Алкараз кој останува прв на АТП ранг-листата, а ја зголеми во однос на трето рангираниот Новак Ѓоковиќ. Исто така, 24-годишниот Италијанец стана првиот тенисер кој освоил два последователни Мастерс турнири без да изгуби сет.

Инаку на најновата ранг-листа промени има само од осмото до десеттото место. Канаѓанецот, Алиесаиме и Американецот, Шелтон гои заменија позициите, а финалистот Медведев се врати во ТОП 10.