Ракометарите на Вардар го добија дербито на второто коло од Супер лигата плеј-оф откако вечерва го совлада првакот Еурофарм Пелистер со 27:22. Со тоа вардарци ја зголемија бодовната разлика на шест бодови. Со новите два бода „црвено-црните“ се чекор поблиску до шампионската титула.
Првиот дел мина во изедначена игра, а на полувреме предност од еден гол имаше домаќинот 12:11.
Но, разврската беше во вториот дел и резултатот по десетина минути игра „вардарци“ имаа предност еден до два гола, но Е.Пелистер успеа да изедначи на 19:19 во 49 минута. Сепак во следните седум минути гостите направија серија од 6-2 и ја обезбедија победата на „жешкиот терен“ во Битола.
Јака Малус кај Вардар беше најефикасен на дуелот со 8 голови, но извонреден во нападот беше Милан Лазаревски без промашување 7/7.
На вториот натпревар од оваа рунда одигран попладнево Тиквеш – Бутел 25:20, а вчера Охрид – Алкалоид 27:27.
Вардар е прв со 46 бодови, пред Е.Пелистер и Охрид со по 40, Алкалоид има 36, Тиквеш 24 и Бутел 22.
Следното коло се игра на 28 и 29.март бидејќи следниот викенд е недела на ЕХФ и македонската репрезентација ќе има натпревар (пријателски) против Австрија на гости.



































