Фудбалерите на Тиквеш се радуваа на победа, трета во низа, а вкупно десетта првенствена.
Во натпревар од 23.коло на Првата лига, Тиквеш пред своите навивачи го совлада Шкупи до убедливи 6:0.
Половина од головите на кавадарчани ги постигна Бразилецот, Лусиано кој оствари хет-трик. Во листата на стрелците се запишаа и: Лавал, Стојанов и Ѓорѓиевски.
Со новите три бода и вкупно 33, Тиквеш се проби на петтото место на табелата, а полека но сигурно им бега на конкурентите од опасната зона.
Попладнево се игра уште еден натпревар, и тоа во Тетово каде шампионот Шкендија го пречекува гостиварски Арсими.





































