Барселона повторно е на четири бодови предност во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.

Ова откако Барселона попладнево пред своите навивачи убедливо со 5-2 ја победи Севиља во натпревар од 28-мото коло.

Троен стрелец беше Рафиња, кој ги постигна првите два гола и тоа од пенал во 9-тата и 21-вата минута. Бразилецот хет-трикот го комплетира во 51-вата минута.

Во листата на стрелци за Барса, се впишаа, Дани Олмо (38) и Кансело (60). Стрелеци на головите за Севиља беа Осо (45+3) и Соу (90+2).

Барселона сега има 70 бодови, пак четири повеќе од Реал кој вчера славеше над Елче со 4-1. Во следното коло Реал го чека градското дерби со Атлетико Мадрид кој е трет на табелата со 57 бодови.

Следете нé на социјалните мрежи