Во 17. коло од женската Супер лига, екипата на Вардар го пречека тимот на Спартак. Домашниот тим иако беше во улога на фаворит, сепак, не успеа да го оправда приматот. Спартак славеше и убедлива победа со 25:33.

Гостинките одлично го отворија натпреварот и на самиот почеток поведоа со 3:0. До 6. минута Спартак ја зголеми предноста на 5:1, а во 16. минута имаше сигурно водство од 10:5. Вардарки потоа заиграа подобро и во 20. минута успеаја да ја намалат негативата на само еден гол разлика (10:9). Сепак, до крајот на првото полувреме Спартак повторно ја врати контролата и на паузата замина со предност од 16:13.

Во второто полувреме се играше со слично темпо, а екипата на Спартак успеваше да ја одржува предноста. Вардар во неколку наврати се обидуваше да ја намали негативата, но не успеваше целосно да се врати во натпреварот.
Во 37. минута вардарки намалија на 18:16, а во 43. минута стигнаа и до само еден гол негатива (21:20). Сепак, Спартак брзо повторно ја презеде контролата врз играта и резултатот. Во 54. минута гостинките направија голема предност од 30:22, со што практично беше решено прашањето на победникот.
До крајот немаше поголеми промени, па натпреварот заврши со убедлива победа на Спартак со 33:25.

Најефикасни од победничката екипа беа Николовска со 11 и Зечевиќ и Цветановска со 7 погодоци, додека од Вардар Миленковска даде 6 гола.

Ивона Кимовска