Екипите на Тиквеш и Башкими славеа победи во дуелите од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во Кавадарци, фудбалерите на Тиквеш минимално со 1-0 го побдија битолски Пелистер. Единствениот гол на натпреварот, беше постигнат во 38.минута, кога по асистенција на Стојковски, на вистинското место беше Стојанов.

Со оваа победа, се зацврсти на шестото место на табелата со 30 бодови, а Пелистер останува на со 21 бод, и е 10-ти во зоната за испаѓање.

На вториот натпревар в9 Куманово, Башкими ја победи Македонија Ѓорче Петров со 2-0. Стрелец на водечкиот гол на тој натпревар беше Аворнио од пенал (75.минута), а Мемети во 84-тата ги постави конечните 2-0.

Кумановската екипа е на петтото место на табелата сега со 32 бодови, а ѓорчепетровци кои останаа на 23 се деветти во зоната за бараж.

ПРВА ЛИГА – 22 КОЛО

недела – 8 март
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 1-0
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Понеделник – 9 март
14.00 СИЛЕКС – ВАРДАР
14.00 ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА
Вторник – 7 март
14.00 РАБОТНИЧКИ – АРСИМИ
Сабота – 7 март
СТРУГА T.Л. – ШКУПИ 5-0

Standings provided by Sofascore