Иако со нетрпение го чекавме дуелот меѓу Вардар и Шкендија, сепак љубителите на фудбалот не може да бидат задоволни од прикажаното.

Да не беше голот на тетовци, ќе немаше ниту „Д“ од дербито од 21.коло во ПМФЛ. Во него, двете екипи претенденти за шампионскиот трофеј гостите знаеја што сакаат и беа поконкретни, па на крајот заслужено стигна до победа со 0-1, а на Вардар му го нанесе првиот пораз сезонава.

Во натпреварот во кој двата тима повеќе размислуваа за својот, отколку за противничкиот гол, супер досадно мина половина час. Првата вистинска закана дојде на истекот на 32.минута, и тоа по голот на Вардар. Се обиде Трунци, но Талевски со прекрасна парада ја сочува мрежата. И тоа беше буквално се што можеше да се види во првото полувреме.

Во вториот дел, иста слика, се до влегувањето на Бесарт Ибраими во игра.

Капитенот на Шкендија ја размрда играта и во првата негова акција (61.минута). По убавата асистенција, Ибраими му овозможи на Љатифи да донесе водство на Шкендија од 0-1. Само две минути подоцна, Ибраими се закани од далечина, но биеше над голот.

Иако вардарци во продолжението се обидуваа да ја анулираат негативата, сите обиди на црвено-црните беа јалови.

По ваквиот исход, Шкендија сега е на само бод помалку од Вардар кој останува на првата позиција на табелата, со што дополнително ќе се разжешти битката за шампионскиот троифеј.

Standings provided by Sofascore