19-годишната македонска алпска скијачка Јана Атанасовска немаше успешно деби на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина.

Таа не успеа да ја заврши првата трка во велеслаломската дисциплина.

 Првата трка ја заврши по само 30-тина секунди минати на олимписката патека. Таа беше една од многуте кои не ја завршија трката во кој беа пријавени вкупно 76 натпреварувачки.

Нова шанса за поуспешен настап Јана ќе има во среда (18 јануари), за кога е закажан слаломот.

Сите актуелности од Зимските олимписки игри 2026, Милано и Кортина д’Ампецо