Најмладата македонска олимпијка Јана Атанасовска утринава ќе го имам своето деби на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина.
19-годишната Атанасовска ќе настапи во велеслаломската трка чиј старт е закажан за десет часот.
Младата Јана трката ќе ја започне со стартниот број 61, а ќе биде една од вкупно 76-те натпреварувачки, колку се пријавени во оваа дисциплина.
Покрај оваа дисциплина, Атанасовска ќе има и настап во слаломот што ја закажан за 18 февруари (среда).
Јана е последната претставничка на Македонија на оваа Олимпијада. Своето учество го завршија нордијците Ана Цветковска и Ставре Јада, како и Виктор Петров кој вчера настапи во велеслалом.




































