По речиси двомесечна пауза македонските ракометарки се враќаат на терените. Почнува пролетниот дел од женската ракометна Супер лига.

Во рамки на 14 коло, викендов нè очекува богата програма со неколку интересни пресметки.

Денес прво ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на Чаир и Металург со почеток од 12:00 часот во салата „7-ми Март“.

Од 17:00 часот во салата „Христо Батанџиев“, Ѓорче Петров ќе се соочи со Спартак, додека вечерниот термин од 19:00 часот е резервиран за дуелот меѓу Пелистер и Куманово во Битола.

Во недела од 12:00 часот во Штип, Астибо ќе го пречека Вардар во уште една интересна средба од суперлигашката конкуренција.

Во рамки на Првата лига, програмата започнува во сабота од 14:00 часот во салата „Антон Димитров“, каде Шампион ќе игра против Стружанка.

Во 17:00 часот Овче Поле ќе го пречека Астибо, додека во недела од 17:00 часот Јехона ќе се соочи со Ѓорче Петров МРК.Слободна во ова коло е екипата на Деспина.

Ивона Кимовска