Новиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, носи нов настап на македонските олимпијци.

Виктор Петков ќе го има своето деби на олимписките патеки во алпски дисциплини.

26-годишниот член на ски клубот Гостивар, ќе биде дел од натпреварувачите, вкупно 81 пријавен, за велеслаломската трка.

Тој ќе стартува со бројот 65, во трката што ќе почне од 10 часот.

Сите актуелности од Зимските олимписки игри 2026, Милано и Кортина д’Ампецо