Македонскиот олимпиец Виктор Петков го имаше својот деби настап на Зимските игри во Милано и Кортина.
26-годишниот македонски алпинец, настапи во велеслаломска дисциплина. Во првата трка, со постигнатото време од 1 минута 27.36 секунди, Петков заврши на 58-мото место. Тој заостана за 13 секунди 44 стотинки зад лидерот Лукас Пинтер од Бразил.
Инаку во оваа дисциплина беа пријавени вкупно 81 натпреварувач, а успеаја да ја завршат седумдесет и тројца. За Петков ова е деби, воено единствен настап на Зимските Олимписките игри 2026.
Од македонските олимпијци остануваат уште настапите на Јана Атанасовска која утре ќе се натпреварува во велеслалом, а на 18 февруари во слаломската трка.





































