Куманово е вториот финалист на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ по драматично полуфинале одиграно пред домашната публика.

Екипата на МКК Куманово избори пласман во финалето, по 40 минути неизвесна и борбена кошарка, во дуелот со ТФТ кого го совлада со 87-79.

Натпреварот беше исполнет со чести резултатски пресврти и висок интензитет на игра. Двете екипи прикажаа квалитетна кошарка достојна за завршницата на купот.

Николиќ беше лидер на теренот со 31 поен и одличен шут од далечина. Тој реализираше седум тројки и додаде пет асистенции и пет скока. Луковиќ имаше значаен придонес со 17 поени и осум скока во рекетот.

Во поразениот тим, Дејвис беше најефикасен со 24 постигнати поени.

Куманово по вторпат по 2013 година ќе се бори за првиот куп трофеј против бранителот МЗТ Скопје Аеродром. Големото финале ќе се одигра утре вечер во Куманово.

Следете нé на социјалните мрежи