Македонскиот нордиец, Ставре Јада, го имаше вториот, воедно последен настап на Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина.

Јада денеска настапи во трката кроис-кантри спринт на 10 километри. Тој заврши како 83-ти во конкуренција на 111 натпреварувачи, колку ја завршија трката.

Јада оваа делница ја мина во време од 25 минути 28.9 секунди. Тоа беше за речиси пет минути (+4:52.7) побавно време од освојувачот на златото Норвежанецот, Калебо.

Јада како и Ана Цветковска ги завршија настапите на Олимпијадата на кој допрва треба да настапат алпинците Јана Атанасовска и Виктор Петков.

Прв (утре) ќе дебитира Петков во велеслаломската трка, а Јана во недела ќе вози велеслалом, а на 18 февруари слалом.

Сите актуелности од Зимските олимписки игри 2026, Милано и Кортина д’Ампецо