Седмиот натпреварувачкиден на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, носи нов настап на македонските олимпијци.

Нордиецот Ставре Јада втор пат ќе се појави на олимписките борилишта.

Откако пред три дена се натпреваруваше во спринт трката и го освои 89.место, денеска Јада ќе настапи во крос-кантри спринтот на 10 километри.

Тој ќе стартува со бројот 78, во трка за која се пријавени вкупно 113 натпреварувачи. Почетокот на трката е закажан за 11 часот и 45 минути. Македонскиот олимпиец својот старт ќе го има во 12 часот 24 минути и 30 секунди.

Сите актуелности од Зимските олимписки игри 2026, Милано и Кортина д’Ампецо