Последниот четвртфинален натпревар во Купот на Македонија меѓу Куманово и Пелистер е прекинат.

Дуелот кој беше најавуван како дерби на воведната рунда од Купот, е прекинат по неполни пет минути игра.

При резултат 806 за домаќините (Куманово), судиската тројка реши за миг да го прекине натпреварот. По неколку минути чекање гостинските кошаркари на Пелистер се повлекоа во соблекувалната.

Пелистерци се повлекоа затоа што нивната навивачка група, популарните „Чкембари“ не биле пуштени да влезат во кумановската салата.