Четири дена фудбал ќе се игра во Првата македонска лига, во која на програмата е 18-тото коло.

Од утре па се до вторник, се распределено натпреварите од оваа рунда.

Дербито на колото ќе се игра во недела во Струга каде второ рангираниот тим на табелата Трим Лум го пречекува кратовски Силекс. Истиот ден ќе се игра и скопското „дерби“, барем тоа беше некогаш, меѓу Работнички и Вардар.

Колото ќе биде отворено утре во Кавадарци каде гостува шампионот Шкендија, а затворено со натпреварот во Битола во вторник.

ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО

сабота (14.02.2026)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА (13 часот)
недела (15.02.2026)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (13 часот)
понеделник (16.02.2026)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)

Standings provided by Sofascore