Во машката ракометна Супер лига, денес ќе утре, ќе се играат натпреварите од дваесеттото коло. Водечкиот квартет на табелата ќе игра на гостински терен.

Лидерот Вардар ќе ја отвори оваа рунда со гостувањето кај Бутел во мечот закажан од 18 часот денеска. Еден час (19) подоцна, во Куманово, кај истоимената екипа, ќе гостуваат ракометарите на Охрид кои се трети на табелата.

За утре закажани со останатите четири натпревари.

Шампионот Еурофарам Пелистер гостува кај фенерџијата Радовиш, додека во Битола кај вториот тим на пелистерци ќе допатува составот на Алкалоид.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 20 КОЛО

Вторник 10 февруари
18.00 БУТЕЛ – ВАРДАР
19.00 КУМАНОВО – ОХРИД
Среда 11 февруари
17.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД
19.00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19.00 ПРОЛЕТ – СТРУГА
19.30 ПРИЛЕП – ТИКВЕШ