Воведното 1.коло од ТОП-8 фазата во Првата машка кошаркарска лига, мина во знакот на гостинските екипи. На сите четири натпревари победи забележаа гостинските тимови. Интересна е да се спомене дека токму овие екипи во првата фаза од шампионатот играа во посилната Б група.
На дуелот во Скопје, екипата на велешки Борец го совлада Водно санс со 104-85. Гостинскиот состав триумфот го најави уште во првиот квартал кој го доби со 17 поени разлика.
Речиси иста слика и не натпреварот во Прилеп каде Бутел беше подобар од домашниот Мега баскет со 99-106. Таму гостите на полувремето имаа +14, предност која знаеја како да ја сочуваат. Иако прилепчани во финишот дојдоа на пет негатива, немаа сили за комплетен пресврт.
Нешто по неизвесно беше на натпреварот во Охрид, каде се радуваат гостите од Штип кошаркарите на Соколи славеа со 55-73. Откако во првите две четвртини двата тима добија по еден период, во второто полувреме штипјани беа оние кои го контролираа резултатот.
Успешниот викенд на гостинските екипи вчера го најавија кошаркарите на Струмица ФМП кои се радуваа т во дуелот против Вардар.
Сега е висински „хаос“ на табелата, бидејќи шест екипи имаат ист учинок по 4 победи и 3 порази.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 1 КОЛО
Недела 8 февруари
ВОДНО САНС – БОРЕЦ 85-104
МЕГА БАСКЕТ – БУТЕЛ 99-106
ОХРИД – СОКОЛИ 55-73
Сабота 7 февруари
ВАРДАР – СТРУМИЦА ФМП 76-96
ТАБЕЛА
1.Струмица ФМП 11 бодови (4-3 победи-порази)
2.Бутел 11 (4-3)
3.Вардар 11 (4-3)
4.Мега баскет 11 (4-3)
5.Соколи 11 (4-3)
6.Борец баскет 11 (4-3)
7.Водно санс 9 (2-5)
8.Охрид 9 (2-5)



































