Еден гол на Атлетико во прво и гол на Јувентус не чинеа добитен тикет претходниот пат, но откажување нема и продолжуваме понатаму со нашата викендашка рутина.
Играме повторно тикет кај нашите пријатели во Златна Копачка, а нашиот совет е да го одиграте истиот наутро во сабота, бидејќи ќе ја зголемите добивката за дополнителни 10%. Зошто? Бидејќи имаат бонус секоја сабота и недела доколку тикетот го уплатиш до 11 часот наутро или од 21 до 23ч навечер.
Бонусот настрана, еве што одигравме за ова коло:
МАН. ЈУНАЈТЕД vs ТОТЕНХЕМ: 1+ 1+
Нема причина зошто да не очекуваме двете екипи да одиграат на голови како што тоа го прават во претходните неколку кола. Манчестер Јунајтед влезе во серија од 3 победи и ќе тргне сигурно со сета своја сила во напад уште од првата минута, додека Тотенхем оваа сезона докажа дека освен што знае да прима голови, знае и да дава доста на контри. Затоа 1+ 1+.
АРСЕНАЛ vs САНДЕРЛЕНД: 1-1
Сити игра тежок натпревар против Ливерпул во недела, а Арсенал веруваме дека ќе сака да го зголеми притисокот бидејќи го пречекува дома Сандерленд. Тимот на Артета сигурни сме дека ќе тргне офанзивно уште од старт, па затоа овој дуел ќе го одиграме 1-1.
САСУОЛО vs ИНТЕР: 2
Иако тимот на Доменико Берарди во изминатите години кога настапуваше во Серија А секогаш беше камен на сопнување на Интер, не веруваме дека домаќините од Мапеи стадионот ќе имаат сили да ја запрат серијата на нероаѕурите. Дополнителен факт е тоа што Милан ќе го „прескокне“ ова коло поради Олимпијадата во Милано, па +8 ќе биде дополнителен притисок за градскиот сосед. Напомена, Интер нема пораз 11 натпревари по ред во Серија А, од кои 10 му се победи и е лидер на табелата со 5 бода пред Милан.
ЏЕНОВА vs НАПОЛИ: ГГ
Даниеле Де Роси создаде тим кој не се плаши да игра против фаворитите, особено кога е домаќин. Тоа го покажа со големата тројка од Италија, а очекуваме да го покажат и во недела против Наполи. Наполитанците доаѓаат „расклатени“ по бројните повреди, лошите резултати и елиминацијата од Лигата на шампионите, но иако победата за нив е императив за да го задржат некако чекорот со миланските клубови, сепак типуваме дека освен што ќе постигнат гол и ќе примат барем еден.
ФРАЈБУРГ vs ВЕРДЕР БРЕМЕН: 3+
Фрајбург дома е друга екипа од Фрајбург на гости. И редовно игра на голови. Затоа очекуваме и да им дадат барем два или три гола на гостите од Бремен кои се во резултатска криза и имаат 11 натпревари без победа, нешто што не плаши да одиграме чист 1. Затоа ќе пробаме со голови, 3+ и одличен коефициент во Златна Копачка.
БАЕРН vs ХОФЕНХАЈМ: Т2 2+ 2П
Ако нешто е сигурно, тоа е дека оваа сезона Баерн во Германија дава голови како од шала. Па имајќи го во предвид добриот коефициент во Златна Копачка за оваа игра, ќе пробаме Баерн да постигне барем два гола во второ полувреме, тип кој што го погодивме на претходниот тикет за натпреварот Глазгов Ренџерс vs Килмарнок.
Кодот за тикетот е: 700191, a доколку ти се допаѓа можеш да го одиграш до 15:29ч во сабота, бидејќи првиот натпревар започнува минута подоцна




























