Најдобриот стрелец во НБА, Лука Дончиќ, го напушти натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс против Филаделфија поради повреда на левата нога.

Словенечкиот ас се упати кон соблекувалната три минути пред крајот на првото полувреме. Набрзо од клубот потврди дека Лука нема да се врати на теренот.

Против Сиксерси имаше 10 поени, четири скока и пет изгубени топки, промашувајќи ги сите четири обиди за тројка, но Лејкерси сепак славеа со 119-115.

Дончиќ е лидер во лигата со 33,4 поени по натпревар и втор со 8,7 асистенции, што го прави клучна фигура во својата прва целосна сезона со Лејкерси.

Дончиќ беше играч на месецот во Западната конференција за јануари со просек од 34,0 поени. Тој е избран претстојниот Ол-сатр натпревар (шести за него) како стартер. Настанот е закажан за следниот викенд, но сега е под знак на прашање настапот на Словенецот.