Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди повторно се запиша меѓу стрелците, овојпат во дресот на Коњаспор во турскиот куп.

Тимот на домашен терен ја декласира Алиага со убедливи 5:0. Барди влезе во игра во второто полувреме при резултат 3:0 и во 81.минута го постигна. За Барди тоа беше втор гол во Купот на Турција, а вкупно петти во дресот на оваа екипа.

Со оваа победа Коњаспор ја продолжи перфектната серија од три триумфи во исто толку натпревари и заедно со Самсунспор се наоѓа на врвот на Б групата.