Ракометарите на Охрид ја оправда фаворитската улога и славеа очекувана победа над Прилеп со убедливи 28-17 во првиот меч од 19 коло во Супер лигата.

Почетокот беше израмнет со резултат 3-3 до петтата минута. Следеше серија од пет гола за водство на охриѓани 8-3. На полувреме резултатот беше 14-11 за домаќините.

Во вториот дел Охрид повторно направи серија и стигна до 25-15. Домаќините рутински ја завршија работата до крајот на мечот и ја израдуваа својата публика.

Најдобар стрелец беше Гоце Ојлески со осум гола, а Тилен Стрмљан постигна четири гола.

Со оваа победа Охрид стигна до 15 триумф во сезоната. Тимот е на второ место на табелата со 31 бод зад Вардар кој има три бода повеќе. Шампионот Еурофарм Пелистер е трет со два бода помалку од Охрид.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО

среда 4 февруари
ОХРИД – ПРИЛЕП 28-17
петок 6 февруари
19.00 ВАРДАР – КУМАНОВО
сабота 7 февруари
16.00 СТРУГА – БУТЕЛ
18.00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18.00 ТИКВЕШ – РАДОВИШ